Земан му се извини на Вучиќ за НАТО бомбардирањето во 1999 година: Можеби сме први, но не и последни

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека претседателот на Чешка Милош Земан е можеби прв, но не и последен лидер на една земја кој ќе упати извинување до српскиот народ поради НАТО бомбардирањето во 1999 година.

Одговарајќи на прашање од новинарите во Прага, Вучиќ оцени дека извинувањето од Земан како претседател на Чешка има „огромна“ тежина, зошто доаѓа од „врвен интелектуалец“ и „легендарен политичар кој не се плаши да искаже поинакви ставови од популарното јавно мислење“.

„Тоа е човек кој двапати со своето име победи на изборите во Чешка, кој ужива огромен углед во светот. Мислам дека не постои ништо поважно отколку да се каже дека можеби е прв, но не и последен претседател кој ќе упати извинување, и тоа се токму негови зборови. Сигурен сум дека во иднина ќе има многу од нив кои ќе смеат да го кажат она што денеска го изговори земан“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека од претседателот на Чешка добил поддшка за продолжување на дијалогот со Приштина.

„Го запознава со нашата желба да дојдеме до компромис, но и дека за танго се потребни двајца. Ние не бараме да добиеме се, туку само правда и можност да не загубиме се, а друг да добие се. Мислам дека тоа е повеќе од фер“, рече Вучиќ.

Додаде дека чешки официјални лица му потврдиле дека „најсилно“ ќе го поддржат европскиот пат на Србија.

Извор: Бета

Декларација на лидерите од Западен Балкан: Итен почеток на преговори со Скопје и Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот