Зеленски: Украина го презеде Црно Море од Русија

Зеленски / Фото EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека благодарение на поморските дронови Украина го презеде Црно Море од Русија, принудувајќи ја да ги повлече своите воени бродови.

„За првпат во светот во Црно Море почна да оперира флота од поморски дронови – украинска флота“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Успеавме да ја преземеме иницијативата од Русија за Црното Море“, додаде тој.

Зеленски напиша дека на почетокот на инвазијата врз Украина, од 24 февруари 2022 година, Москва ги блокира украинските пристаништа на Црно Море и ја оштети нејзината инфраструктура, што го наруши глобалниот пазар на храна. Но, тврди украинскиот претседател, оттогаш Украина постојано го менуваше односот на моќта во Црно Море.

Притоа тој им се заблагодари на Турција, Бугарија, Романија и Молдавија, земји кои се на Црно Море или во негова близина, за нивната поддршка.

„Успеавме да покажеме дека соработката на земјите од црноморскиот регион, со поддршка на партнерите, може да ја врати стабилноста на светскиот пазар на храна“, кажа украинскиот претседател на средбата со претставници на земјите од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот