Зеленски им се заблагодари на сите Украинци вклучени во борбата против агресорот и повика на поголемо единство

Зеленски / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на одбележувањето на 32-от Ден на независноста на земјата денеска излезе со апел за единство пред руската инвазија, што почна пред точно 18 месеци, јави ДПА.

Во денеска објавената видео порака Зеленски им се заблагодари на војниците, вработените во вооружувањето, електричарите, новинарите, деминерите, наставниците, лекарите и спортистите за нивните напори и потсети на направените жртви.

-Важен е секој што работи и дава работа на другите, рече тој. „Сите оние кои плаќаат даноци помогнаа да се поддржат вооружените сили и да се обезбеди идната победа“, рече Зеленски, пренесе германската агенција.

Денот на независноста на Украина се одбележува на денот кога во 1991 година Украина ја прогласи својата независност од Советскиот Сојуз.

И покрај одреден успех во контраофанзивата на Украина против руските сили, Москва продолжува да контролира речиси една петтина од територијата на својот сосед, вклучувајќи го и црноморскиот полуостров Крим, што го анектираше во 2014 година, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот