Зеленски им ја изнајмил својата вила во Тоскана на руски граѓани?

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Во североисточниот дел на Тоскана, со денови кружат гласини дека руски пар од Лондон изнајмил приватна вила во сопственост на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тие гласини добија посериозен тон, откако италијанскиот весник Il Tirreno ја објави веста. Според она што го напишале, агенцијата за недвижности преку која се изнајмува вилата преговарала со корејски туристи, кои имале намера да ја изнајмат куќата за цел август, за цена од 50 до 70 илјади евра, пренесува Дневник.хр.

Тој договор очигледно пропаднал и потоа бил постигнат нов договор за изнајмување на имотот за август со руски пар кој живее во Лондон. Овој скандал се појави по јавните повици на Зеленски до Италијанците да не изнајмуваат недвижен имот на руски граѓани, пренесува AthensNews.

Вилата наводно има 15 соби, базен и се наоѓа на луксузен имот. Наводно еден Русин веќе објавил фотографии од градината на куќата.

Од агенцијата за недвижности категорично ги демантираат овие наводи.

„Не можам да додадам ништо повеќе поради условите на договорот и да ја заштитам приватноста на клиентот, но објавената информација не е вистинита“, изјавил агентот.

„Ова што е напишано е само шпекулација. Вилата е издадена на брачен пар за ова лето. Нема да кажам дали живеат во Лондон или не, но ве уверувам дека не можат да бидат Руси бидејќи апсолутно ни е забрането да ја изнајмуваме вилата. на Русите и Украинците“, изјави тој. за switzerlandtimes.ch.

Според него, станарите на куќата би можеле да имаат гости што зборуваат руски. Меѓутоа, во принцип, некој друг можел да ја изнајми вилата и потоа да ги пушти Русите да се вселат.

Бруно Мурзи, градоначалникот на градот Форте деи Марми каде се наоѓа вилата, изјавил дека не знаел дека Зеленски е сопственик на имотот во општината со која тој раководи .

Тој додал и дека пред да започне војната во Украина, во евиденцијата на земјитетот и имотот било заведено дека таа е во сопственост на странска компанија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот