Здравствената состојба на Асанж е подобрена и тој повеќе не е во самица

Фото: EPA/STRINGER

Приврзаниците на Асанж изразија загриженост заради третманот што го има во затворот и како сето тоа влијае врз неговото здравје, јавуваат светските агенции.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, не е веќе во самица во лондонскиот затвор и неговата здравствена состојба е подобрена, рече неговиот колега и портпарол, Кристин Храфнсон.

Храфнсон ова го кажа на прес конференција во пресрет на контроверзното сослушување за екстрадирањето на Асанж во САД, кое треба да почне следната недела.

САД го бараат Асанж по 18 точки од обвинението за обид за хакирање, протекување информации и кршење на Законот за шпионирање. Доколку биде осуден на Асанж му се заканува казна од повеќе десетици години затвор.

Приврзаниците на Асанж изразија загриженост заради третманот што го има во затворот и како сето тоа влијае врз неговото здравје, јавуваат светските агенции.

Таткото на Асанж, Џон Шиптон, претходно денеска кажа дека е загрижен за здравјето на својот син бидејќи „е постојано анксиозен”.

Тој, исто така, изрази загриженост дека неговиот син, доколку биде испорачан во САД, ќе се соочи со смртна казна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот