Здравко Чолиќ откри: Првата девојка ја имав дури на 30 години

Фото: Инстаграм

Популарниот пејач Здравко Чолиќ (71) откри дека првата девојка ја имал дури во триесеттите години. Освен тоа, за „Ин магазин“ рекол дека долго се спротивставувал на бракот, а финансиите секогаш слабо ги водел, иако по професија е економист.

– Првата девојка ја имав доста доцна. Мојата прва девојка ја имав, кога веќе бев зрел. Кон крајот на триесеттите, прва девојка ми беше Јасна од Локици – призна Чола.

Во сопругата Александра фатално се вљубил.

– Се запознавме во Брела. Потоа тоа траеше 11 години. Некако полека одеше и на крајот требаше да се биде или не. Не е лесно да омажите ќерка за естраден уметник за кој сешто се зборуваше и се зборува – се присетил тој.

Кај Александра, вели тој, најмногу ја цени лојалноста, непоколебливоста и чесноста. А кога би можел, кај себе би го сменил управувањето со парите.

– Човек не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но кај мене тоа беше малку претерано и така е и ден-денес – рекол Здравко, кој на 26 и 27 декември ќе настапи во загрепската Арена.

ВИДЕО | Подарок за сите жени за 8 Март: Здравко Чолиќ по пет години издаде нова песна

Здравко Чолиќ познатиот хит „Ноч ми те дугује“ ѝ го посветил на глумицата Јасна: Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот