Завршна конференција на твининг проектот на ЕУ во Скопје

Денес се одржа завршната конференција на проектот финансиран од ЕУ „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра”.

Проектот траеше осум месеци, со буџет од 250.000,00 евра, а го спроведуваа Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи, и Централната банка на Германија. Спроведувањето на проектот беше поддржано и од централните банки на Хрватска и Австрија.

Севкупната цел на овој твининг проект на ЕУ беше поддршка на воспоставувањето стабилен и ефикасен систем за заштита на финансискиот интерес на ЕУ и националниот финансиски интерес, како и ефективно следење на фалсификувањето.

Проектот опфати анализа на функционирањето на системот за борба против фалсификувањето банкноти и монети, идентификување на проблемите и препораки за нивно разрешување.

Тој придонесе за зајакнување на соработката меѓу релевантните домашни и странски институции вклучени во системот за борба против фалсификувањето пари.

Резултатите од проектот се:

– Понатамошно унапредување и усогласување на правната рамка и методологија на системот за борба против фалсификувањето на еврото;

– Развој на административниот капацитет на институциите вклучени во борбата против фалсификување на еврото;

– Понатамошно унапредување и интеграција на базата на податоци и ИТ-системот што се користат за борба против фалсификувањето на еврото.

На церемонијата по повод завршувањето на проектот, на присутните им се обратија државниот советник во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, Вeтон Кранлиевски, директорката на Дирекцијата за трезорско работење на Народната банка, Соња Каневче, шефот на Одделот за економија, градење на институциите и прекугранична соработка при Делегацијата на Европската Унија, Фрек Јанмат и постојаниот претставник на Сојузна Република Германија при германската амбасада во Скопје, Ото Граф.

Проектниот лидер од земјата-корисник, Билјана Целеска-Аневска и проектниот лидер од земјата-членка, Питер Шпика ги презентираа реализираните цели и активностите, како и резултатите од проектот.

Потоа беше промовиран и едукативно-информативен спот за заштитните карактеристики на банкнотите со коишто граѓаните треба да бидат запознаени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот