Заврши собирањето потписи за смена на градоначалниците на северот на Косово

Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Потпишувањето на петициите со кои би се отворил пат за смена на актуелните градоначалници во четири општини на северот на Косово е веќе завршено, потврдија претставници на групите кои го иницираа, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Дарко Вуксановиќ, од Иницијативната група за Звечан, за РСЕ потврди дека на првиот ден (петок, 19 јануари) веќе биле собрани доволен број потписи.

Голем број потписи се собрани и во општина Зубин Поток, потврди Срѓан Вучиниќ, исто така еден од иницијаторите.

Претходно Сања Кртиниќ од иницијативната група во Северна Митровица изјави дека процесот на собирање потписи е завршен, додека во саботата на 20 јануари доволно потписи се собрани и во општина Лепосавиќ.

Иако не прецизираа колку граѓани се потпишале, иницијаторите велат дека се собрани повеќе потписи од потребниот минимум.

Инаку, според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, петицијата требаше да ја потпишат најмалку 3.640 гласачи со право на глас во општина Северна Митровица, 2.689 во Лепосавиќ, 1.411 во Звечан и 1.347 гласачи во Зубин Поток, кои сочинуваат 20 отсто од вкупниот број гласачи.

Следен чекор е поднесување на петицијата на запишаните избирачи до претседателите на општинските собранија.

По поднесувањето на петицијата со потписи, претседателот на општинското собрание има рок од три дена да ја достави до ЦИК на разгледување и проверка.

Доколку ЦИК потврди дека се собрани соодветните потписи и ги потврди, се организира гласање за разрешување на градоначалникот, кое мора да се одржи во рок од 30 до најмногу 45 дена.

За да биде успешно гласањето, потребни се 50 отсто плус еден глас од граѓаните со право на глас.

Градоначалниците Албанци беа избрани во април 2023 година, на избори кои беа бојкотирани од Србите, како знак на незадоволство од политиката на Владата на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот