Заврши договорот со Лидс, Алиоски има понуда од Турција

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Од денеска и официјално македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски е слободен играч, откако до 30 јуни му траеше договорот со Лидс.

Како што е веќе познато, премиерлигашот во мај му понуди нов договор на нашиот играч, останува да видиме дали истиот ќе го прифати.

Во изминатиот период Алиоски се поврзуваше со Фенербахче, а деновиве уште еден турски клуб ја следи ситуацијата со играчот.

Трабзонспор според турските медиуми за услугите на 29-годишниот Македонец нуди еден милиони и 200.000 евра, и уште 500.000 евра за неговиот потпис.

Минатата сезона во Премиер лигата за клубот од „Еланд роуд“ постигна два гола и запиша три асистенции во 36 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот