Завршен состанокот на екипите основачи на Суперлигата, засега само Сити официјално се откажа
Состанокот на челниците на 12. екипи кои ја формираа Суперлигата заврши вечерва и засега исходот е неочекуван во однос на случувањата кои му претходеа на истиот.
На состанокот беа присутни сите 12 екипи и од Суперлигата засега официјално се откажа само Манчестер сити кој пред состанокот објави официјално соопштение.
„Манчестер сити потврдува дека започна процедура за повлекување од развојната група за создавање на европска Суперлига“, објави Сити на официјалната интернет страница.
Club statement.https://t.co/GeNQZn8091
— Manchester City (@ManCity) April 20, 2021
Речиси 100 проценти сигурно е дека и Челси ќе го следи чекорот на противникот од Премиер лигата, а по жестоките реакции на навивачите најверојатно во текот на утрешниот ден истото да го сторат и уште неколку екипи како Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, па дури и Ливерпул и Манчестер јунајтед.
Што се однесува до Барселона, претседателот Жоан Лапорта ќе го сочека мислењето на останатие екипи пред да донесе одлука.
Од друга страна претседателот на Суперлигата и на Реал Мадрид, сè уште верува во проектот и дури најавува дека и ПСЖ и Баерн Минхен ќе им се приклучат иако германскиот тим официјално соопшти дека нема да игра во Суперлигата.
– Не сум загрижен. Ситуацијата е серизона и сите се согласуваат да продолжат со проектот и да бараат решение. Никој не е под притисок. Убеден сум дека на крајот ќе ни се приклучат ПСЖ и Баерн Минхен, но сè уште не сме разговарале со нив – изјави Перез пред почетокот на состанокот.
Медиумите сепак најавуваат дека утре уште неколку екипи ќе го следат примерот на Манчестер сити без разлика на исходот од состанокот и смирувачките тонови на Перез.