Зависник од Кавадарци ѝ давал хероин на малолетната сестра

Фото: МИА

Хероински зависник од Кавадарци доби кривична пријава откако полицијата во февруари го фатила како ѝ овозможува употреба на дрогата на неговата малолетна сестра, соопшти МВР.

22-годишниот Р.А. од Кавадарци бил уапсен во домот на нивната баба во Кочани, по што ќе биде гонет за кривичното дело Овозможување на употреба наркотични дроги.

„На 17 февруари минатата година, во домот на неговата баба во Кочани, пријавениот ѝ овозможил употреба на хероин на неговата малолетна сестра“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот