Затворски казни за 11 студенти и еден професор поради учество во протести во Белорусија

Судот во Минск денеска осуди 11 студенти и еден универзитетски професор на најмалку две години затвор поради учество во минатогодишните протести по реизборот на претседателот Александар Лукашенко, соопшти невласината организација Весна.

Еден студент е осуден на две години затвор, а другите се осудени на 2,5 години. Тие се обвинети за „организиран криминал” и дека активно учествувале во настани кои „сериозно го нарушуваат јавниот ред” на универзитетите.

Според организацијата Весна, сите обвинети, кои се уапсени есента 2020 година, се политички затвореници.

Во исто време, белоруската полиција денеска изврши претреси во домовите на 12 новинари од независните и опозициските медиуми.

Белоруската полиција во текот на неделата уапси десетици новинари и блокира две независни страници за вести, Наша Нива и ТУТ.би, изврши претреси во околу 15 организации, вклучително и големи групи за човекови права и уапси неколку вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот