Затворен угостителски објект во Црешево, приведени 32 лица поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19

Македонска полиција / Фото: МИА

На 18.02.2021 во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ковид-19. При контролата во објектот биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г.И.(56) од с.Булачани, скопско.

Сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот