Засилени сообраќајни контроли во Охрид, за 24 часа изречени 103 казни

epa01867322 A Macedonian police boat officer catch a line to tow the recovered sunken boat 'Ilinden,' in front of the southern Macedonian sity Ohrid on 19 September 2009, two weeks after the tragic boath accident in Ohrid Lake when 15 Bulgarian tourists lost their lives. EPA/GEORGI LICOVSKI

Дури 103 казни се изречени на сторители на најразлични сообраќајни прекршоци во Охрид и околината, во рамки на засилените контроли што ги спроведува Министерството за внатрешни работи, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Како што истакна портапролот на МВР, Тони Ангеловски, најчесто се санкционирани прекршоци за прекорачување на пропишаната брзина на движење, но, и други сторени прекршоци како управување без возачка дозвола, управување нерегистрирани возила и слчно.

– Засилените акциски контроли, спроведени овие неколку месеци, очигледно даваат резултат, затоа што имаме значително намалување на бројот сообраќајни незгоди. Ноември минатата година, споредбено со 2019, имавме намалување на сообраќајни незгоди од 21 отсто, додека, во декември, намалувањето е 23 проценти – рече тој.

Ангеловски истакна дека изминатата, 2020, е година со рекордно најмал број жртви во сообраќајот, што, според него, е пред сѐ последица на засилените акциски контроли што ги спроведува МВР.

Податоците покажуваат дека изминатата година е забележано намалување на случаите на управување моторни возила под дејство на алкохол што, според Ангеловски, секако е последица како на засилената присутност на полицијата на сообраќајниците, но и за зголемена свесност кај самите возачи.

Ангеловски во име на полицијата ја искористи можноста, преку обраќање, да упати апел до граѓаните на Охрид и сите возачи, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин заеднички да се придонесе за зголемена безбедност на улиците во градовите и на сообраќајниците надвор од неселените места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот