Заштедете време и пари: 4 супер корисни совети на германските експерти за заштеда на струја во текот на готвењето

готвење
Фото: Unsplash

На сите ни е јасно дека цените драстично скокнаа, а тоа што едно тричлено домаќинство годишно троши околу 11 отсто од електричната енергија на готвење, воопшто не ни ја олеснува ситуацијата.

Сепак, постојат неколку трикови како да заштедите електрична енергија во кујната, кои ќе ви бидат од голема помош.

Како што пренесува германската новинска агенција „ДПА“, за почеток, ако користите капак, топлината не може да излезе од тенџерето. Тоа е три пати поефикасно од готвењето без капак, а и храната побрзо ќе се загрее.

Освен тоа, електричната енергија може да се заштеди и со избирањето тенџере и тава чии радиуси одговараат на големината на ринглата, а радиусот на садовите може да биде дури и малку поголем.

Пари и електрична енергија може да се заштедат и доколку во тенџерето се истури само потребното количество вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и елекрична енергија.

Кампањата на германската влада нагласила и дека јајцата и зеленчукот може да се готват во само 2 сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода. На овој начин можете да заштедите 10 евра годишно.

Последниот совет е за љубителите на тестенини. Имено, тестенините ставете ги во тенџере додека водата е уште ладна, велат дека така побрзо ќе бидат готови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот