„Запорожје“ ја сметаме за украинска постројка, велат од МААЕ откако Русија ја анектира целата област

Запорожје/ Фото EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCIES MINISTRY

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави денеска во Киев дека агенцијата ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка, пренесуваат британските медиуми.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа во градот Енергодар и од март е под контрола на руските сили.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој наложува нуклеарната централа Запорожје да се стави под руска сопственост.

МААЕ претходно соопшти дека Гроси оваа недела во Москва и Киев ќе разговара за создавање тампон зона околу нуклеарната централа Запорожје. сд/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот