Започна реализација на нов паркинг во Тафталиџе

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил соопшти дека е започната реализација на нов паркинг простор на улицата „Варшавска“ број 4, во Тафталиџе 1.

Станува збор за површина која повеќе години беше руинирана и граѓаните беа приморани да паркираат во кал и прашина. Со асфалтирањето на овој простор, ќе се спречи и дополнително загадување на населбата.

Градоначалникот исто така информираше дека претстои и целосна реконструкција на улица „Варшавска“ (од кружниот тек кај „Георги Димитров“ до булевар „8 Септември).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот