Започна пролетната дератизација во Центар

Фото: Општина Центар

Општина Центар започна со редовна пролетна дератизација на цела територија. Во наредните две недели ќе бидат опфатени и дератизирани две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести.

Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и во есенскиот период и ова е една од општите мерки што Општината ги презема за заштита на населението од заразни болести.

Општина Центар ги известува граѓаните дека препаратот што се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Издаден е со одобрение од Министерство за здравство  за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот