Започна изградбата на пречистителна станица и колектор во Орман

Фото: Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров започна со градежни активности на новата пречистителна станица и колекторот во село Орман, каде се работи на поставување нови цевки кои што ќе бидат поврзани со колекторот.

Поради градежните активности што се одвиваат на улицата којашто е веднаш паралелно со пругата, улицата што води од село Орман до село Волково ќе биде привремено затворена, односно надвор од употреба. Жителите нека го избегнуваат овој дел од населеното место и нека патуваат преку другите улици кои водат кон село Волково, се со цел да не се створи метеж на оваа локација – вели градоначалникот Александар Стојкоски.

Колекторот е проектиран да биде во должина од 633 метри ќе ги прифаќа отпадните води од фекалната канализациона мрежа во Орман и ќе ги спроведува до станица за третман на отпадни води . Средствата ги обезбедува Европска Унија, преку Програмата за прекугранична соработка Македонија-Косово и Министерство за локална самоуправа, а кофинансира и општина Ѓорче Петров.

 Со овој значаен проект, но и со изградбата на новата канализациона мрежа во овој дел на Ѓорче Петров, решаваме долгогодишен проблем на тамошните жители, но и конечно го урбанизираме селото Орман како што граѓаните заслужуваат – вели Стојкоски..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот