Запалени две возила на ЕВН во Тетово

Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола” и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.

Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот