Западни наместо руски хеликоптери, армиските „Ми-24“ добиваат замена

ФОТО: Форум, македонска одбрана

Во Армијата се прават планови за замена и на актуелните хеликоптери кои се дел од воздухопловниот винг. Размислувањата се да се врши постепена транзиција на транспортните хеликоптери од руска (источноевропска) на западна платформа, односно да се набавуваат хеликоптери од американски или западноверопски производители. Процесот би се одвивал во фази, а не одеднаш да се заменат стари со нови летала.

Ова меѓудугото беше спомнато денес на пресконференцијата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во пресрет на прославата на 30-годишнината од формирањето на Армијата.

Фото : Македонски борбен хеликоптер Ми-24- EPA/GEORGI LICOVSKI/MA

Интересно е дека врвот на Армијата не предвидува натамошно осовременување на борбените (напаѓачки) хеликоптери Ми-24 или нивна замена со нови.

Во натамошниот развој на Армијата нема простор за ваква компонента, туку нивната улога би ја преземале новите хеликоптери кои би имале повеќенаменска функција, посочуваат претставници на армискиот генералштаб.

– Армијата не предвидува натамошно осовременување на борбените (напаѓачки) хеликоптери Ми-24 или нивна замена со нови. „Во натамошниот развој на Армијата нема простор за ваква компонента, туку нивната улога би ја преземале новите хеликоптери кои би имале повеќенаменска функција“ – велат претставници на армискиот генералштаб.

ФОТО: Македонски Ми-8 и американски јуришен хеликоптер „Апачи“ на Криволак

Во меѓувреме Петровска коментирајќи ја донацијата на оружје кон Украина, посочи дека трите одлуки на владата со кои на украинската армија се донираше воена опрема и вооружување, вклучувајќи ги и тенковите Т-72, се донесени по претходната консултација со Генералштабот на Армијата кој утврдил дека се она што и се дава на Украина на никаков начин не влијае на ефикансоста и подготвеноста на армиските единици.

– Она што беше видливо е транспортот на тенкови – нема да кажеме во колкава количина е таа донација. Но, да, дел од помошта се и тенкови. Тие веќе не се дел од армиската формација, не се потрени и она што треба да се знае е дека при носењето на политичките одлуки апсолутно беше консултирана Генералштабот. Сите барања за донација, или одлуки за отуѓување на воена опрема се носени во координација со армискиот генералштаб и по нивното позитивно мислење дека таа опрема е непотребна на нашата армија таа се отуѓува. Ги демантирам сите шпекулации дека со оваа, или со која било друга донација, се нарушува борбената готовност на Армијата“, – изјави министерката за одбрана – истакна Петровска.

Инаку македонската армија не е прва земја во НАТО алијанската која полека го исфрла од употреба руското односно старото советско оружје и техника од своите редови. Слична ваква најава дека нема да ги обноват сертификатите за одржување на хеликоптерите соопштија неодамна Бугарија и Чешка, земји членки на источното крило на НАТО. Угледниот магазин за авијатика „Танго шест“ неодамна објави информација дека Русија ќе ги укине сертификатите за одржување на руските воздухоплови во западните земји и членките на НАТО алијансата.

Војната во Украина го празни советското оружје и од македонските армиски магацини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот