ФОТО | Заложничка драма во шведски затвор: Двајца осуденици киднапирале стражари, бараат хеликоптер за да збришат

Фото: EPA-EFE/PER KARLSSON SWEDEN OUT

Двајца осудени за убиство денеска во шведски затвор зеле двајца стражари како заложници.

Тие се забарикадирале со заложниците, а властите ситуацијата ја опишуваат како „многу опасна“.

Затворениците ги грабнале стражарите така што им провалиле во нивната соба, а претходно ги покриле надзорните камери.

Фото: EPA-EFE/PER KARLSSON SWEDEN OUT

Во тек се преговори меѓу властите и киднаперите кои бараат хеликоптер за да побегнат.

Шведските медиуми наведуваат дека тие биле вооружени со жилети кога упаднале во собата на стражарите.

Фото: EPA-EFE/PER KARLSSON SWEDEN OUT

Додаваат дека понудиле да ослободат еден стражар ако на другите затвореници им бидат поделени 20 „кебаб пици“, јадење многу популарно во Шведска.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот