Захарова: Продолжуваат контактите меѓу Русија и Украина во сферата на преговорите

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

 Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека продолжуваат контактите меѓу Русија и Украина во сферата на преговорите.

„Контактите меѓу Русија и Украина се во тек”, рече Захарова.

Таа се осврна и на резолуцијата на литванскиот Парламент за наводните терористички активности на Русија, нарекувајќи ги екстремен потег.

„Би сакала да ги потсетам оние земји кои можеби заборавиле или усвојувале такви декларации, изјави, кои не можам да ги наречам документи, дека тоа се екстремни потези, бидејќи не можат да се опишат поинаку. Сите овие земји се членки на НАТО. Во текот на изминатите децении, неколку пати можевме да видиме противправна агресија на НАТО, која не е оправдана со никакви правни причини”, рече Захарова.

Таа додаде дека постапките на Алијансата и нејзините членки напротив, како што рече, „предизвикале нови конфликти”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот