ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Повеќе од 75.000 банкари остануваат без работа

Соопштението на „Уникредит групација” за укинување на 8.000 работни места ја надмина бројката од 75.000 отпуштања, што банките ќе ги поделат во текот на следните неколку години. Од овој број, дури 83 проценти се во Европа.

Тие бројки ја истакнуваат слабоста на европските банки кои работат во економии ориентирани кон извоз. Поради тоа, банките се наоѓаат во голема неволја поради тековните меѓународни економски превирања, јави Блумберг.

„Уникредит” објави дека следниот круг отпуштања ќе покрие една милијарда евра во бруто-трошоците.

Сепак, на врвот на списокот се најдоа банки во Германија, чиј банкарски пазар се покажа како најранлив во Европа. Најголем број отпуштања е најавено од Дојче банка, која планира да отпушти 18.000 работници во текот на следните две години, со цел да се опорави од големите инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот