Загадувањето одзема животи: Смртноста во Албанија и БиХ најголема во Европа, Македонија блиску до нив

Аерозагадување во Скопје загадување на воздухот
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во извештајот е наведено дека смртта на едно од осум лица се поврзани со загадувањето на околината.

Податоците кои ги објави Европската агенција за околина (ЕЕА) во својот извештај за 2019 година „Здрава околина, поздрав живот: Како околината влијае на здравјето и благосостојбата во Европа“ (Healthy environment, healthy lives: how the environment influences health and well-being in Europe) се загрижувачки. 

Според нив на прво место во Европа според бројот на жители кои починале поради загадувањето на околината е Албанија, со над 160 лица на 100.000 жители, а веднаш зад неа е БиХ каде умираат нешто помалку од 160 луѓе годишно.

Во останатите земји во регионот бројот на смртни случаи поради загадувањето е помал. Во овој контекст, ситуацијата е најдобра во Словенија каде починале помалку од 80 луѓе поради загаденоста на околината. Во Хрватска тој број изнесува повеќе од стотина, во Србија, Северна Македонија и Црна Гора повеќе од 120. На Исланд тој број е најмал и изнесува помалку од 60.

Во извештајот е наведено дека смртта на едно од осум лица се поврзани со загадувањето на околината. Од вкупниот број почината во Европа, кај 13 отсто доминантни причини за смртноста е загадениот воздух и високите температури поради климатските промени.

Како најзначаен здравствен ризик е означен загадениот воздух. Се претпоставува дека како последица на овој проблем е прерана смрт кај 400.000 секоја година. Се предупредува дека долготрајната изложеност на загаден воздух може да предизвика дијабетес, болести на белите дробови и рак. Загаденоста на воздухот е доведен во врска со случаите на коронавирус.

Од ЕЕА потсетија дека коронавирусот е показател дека постои зголемен ризик од пренесување на болести од животни врз луѓе, што е последица на уништувањето на околината и уништувањето на другите видови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот