Заев за амандманите на Левица: Ова е срамна непочит кон македонските граѓани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил како реакција на амандманите што ги поднесе опозицијата.

Тој објави еден од амандманите на пратеникот од Левица, Борислав Крмов поднесени на предлогот за измени на Деловникот со коишто треба да се овозможи на седниците онлајн да се вклучуваат пратеници кои се во изолација или болни од Ковид-19.

Во амандманот пишува „Пратениците што учествуваат во Собранието од далечина не смеат да носта облека и обележја за маникир и педикир пред камера“.

-Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани. Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани, напиша Заев.

Сите пратеници да имаат бојадисано јајце пред камера за Велигденските празници, гласи еден од вкупно 1.400 собраниски амандмани што ги поднесе партијата „Левица“, со намера да ги блокира измените на Деловникот, предложени од спикерот Талат Џафери, а кои се однесуваат на онлајн работа на заразените со Ковид-19 пратеници.

ФОТО+ВИДЕО: И велигденски јајца се најдоа меѓу амандманите на Левица за онлајн работа на пратениците

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најостро ја демантираат изјавата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, во врска со поднесените амандмани на Предлогот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Собранието. 

 

ВМРО-ДПМНЕ: Наши амандмани не се за велигденските јајца и облеката на пратениците  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот