ВМРО-ДПМНЕ: Наши амандмани не се за велигденските јајца и облеката на пратениците  

Фото: Архива на „Слободен печат“

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најостро ја демантираат изјавата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, во врска со поднесените амандмани на Предлогот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Собранието. 

вие амандмани кои што колегата Митрески ги спомена во својата изјава, потенцирам, не се амандмани поднесени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Дафина Стојановска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  

Ова, според неа, е срамен обид на СДСМ и нивните пратеници за манипулирање и дефокусирање на јавноста од нивниот насилнички и недемократски метод набрзина да ги изгласаат измените на Деловникот кои поради нивното тенко и нефункционално мнозинство очајно им се потребни.  

Нагласувам, единствен виновник за ваквата состојба е токму СДСМ и нивното тенко мнозинство, а не ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, рече Стојановска. 

Амандманите што се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, претставуваат реакција на она што власта го прави и демонстрира во Собранието.  

Овие амандмани се наш одговор на нивното непочитување на опозицијата, неуставноста, избегнувањето на дијалогот и пронаоѓањето на консензус во врска со ова законско решение за измена на Деловникот. Оттука, ние како пратеници ги прашуваме колегите од СДСМ, дали е штетно, неодговорно и несериозно нивното однесување кога во текот на вчерашниот ден, на Комисијата за финансирање и буџет, го одбија нашиот амандман за бесплатно тестирање за КОВИД на сите граѓани на Република Македонија, праша Стојановска. 

ФОТО+ВИДЕО: И велигденски јајца се најдоа меѓу амандманите на Левица за онлајн работа на пратениците

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ обвини исто така дека колегите од СДСМ се тие кои што со недели одбиваат да дискутираат во врска со македонско – бугарските односи

Македонската јавност и граѓаните видоа и слушнаа кој е гробарот на македонштината, а кој е на браникот на татковината. И токму за ова недржавничко однесување, СДСМ, Зоран Заев и екипата околу него, многу скоро ќе ги добијат одговорот и казната од народот, рече Стојановска. 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ поднеле амандман во кој се вели дека „За време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата на Собранието од далечина, да имаат бојадисано јајце пред камера”.

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ поднесе несериозни, безобразни и апсурдни амандмани за Деловникот

Премиерот Зоран Заев на својот Фјесбук профил ги повика пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот