ФОТО+ВИДЕО: И велигденски јајца се најдоа меѓу амандманите на Левица за онлајн работа на пратениците

Сите пратеници да имаат бојадисано јајце пред камера за Велигденските празници, гласи еден од вкупно 1.400 собраниски амандмани што ги поднесе партијата „Левица“, со намера да ги блокира измените на Деловникот, предложени од спикерот Талат Џафери, а кои се однесуваат на онлајн работа на заразените со Ковид-19 пратеници.

За ваквата иницијатива на Џафери пристигнаа околу три илјади амандмани од Левица, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците

Амандманот за кој Апасиев немал храброст да се потпише, па низ вода го пушти колегата Крмов. Епа тоа драги гласачи на Левица. Тресла се гора, родио се МИШ! Баш му е гајле на Апасиев за вашите проблеми, напиша пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на социјалните мрежи, споделувајќи ја фотографијата од амандманот на Левица.

– Граѓани, еве какви апсурдни и срамни амандмани даваат ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, за да го блокираат Собранието!  Наместо највисок законодавен дом каде се носат мерки и политики во интерес на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и опозициските пратеници по секоја цена се обидуваат од Собранието да направат циркуз, место за нивна забава, се вели во реакцијата на владеачката СДСМ во објава на нивните официјални профили на социјалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот