Заев со Борисов ќе ги пегла разликите околу Договорот за добрососедство

Премиерот Зоран Заев планира по новогодишните празници да замине во Софија каде би се сретнал со Борисов за политички да разговараат во врска со Договорот за добрососедство, брифираат владини извори.

– Разговорите меѓу двете комисии се закочени, сега за Гоце Делцев се дебатира, компромис не може да се најде. Сега никакво решение нема да има, бидејќи се избори кај нас. Премиерот Заев планира со Борисов да седнат и да разменат некои политички идеи. Тој и така ќе оди во Софија по Нова Година, па може едно кафе со бугарскиот колега да испијат. Можно е со премиерот да отиде и министерот за надворешни работи Никола Димитров – велат од владата.

Разврската на спорните прашања меѓу историчарите во заедничката Комисија ќе  биде оставена за периодот по изборите, за оваа тема да не биде злоупотребена за дневно-политички препукувања за време на кампањата, посочуваат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот