Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза

Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Зголемување од 8,5 отсто на просечната плата е забележано во јули оваа година во споредба со истиот месец минатата година, напиша денеска на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, напоменуваќи дека просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули изнесувала 27.231 денар, и е зголемена за 2.127 денари. Ова се должи на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година, како и на ефикасните антикризни мерки во време на пандемија, наведе Заев во статусот.

Нагласи дека Владата создава рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ.

-Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста.
Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, со тоа придонесеме во вкупниот раст на економијата. Економија, која е подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот