Заев по средбата со Мишел: Ние да ги завршиме нашите работи дома, а Европскиот Совет ќе ги заврши своите работи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев утрово одржа средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Заев вели дека Мишел е пријател на нашата земја и има целосна агенда за како да помогне на нашата земја и Албанија во процесот на проширување на Европската унија.

„Разговаравме за Законот за ЈО, деталите, за престојните избори кои треба да бидат пример за фер и демократски избори, за другите реформи. Го уверив дека продолжуваме со силна мотивација да ги постигнеме целите. Пораката која можам да ја испратам ние да ги завршиме нашите работи дома, а Европскиот совет ќе ги заврши своите работи“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот