Заев: Ниту Македонија, ниту никој во Европа не е имун на проблемот со радикализација и тероризам

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител говореше за синоќешниот крвав тетористички напад кој се случи во Виена, каде загинаа четири лица како и напаѓачот Кујтим Фејзулаи, кој е Албанец од Северна Македонија.

Заев истакна дека ниту Македонија, ниту никој во Европа не е имун на проблемот со радикализација и тероризам.

-Знаете дека ние имавме една успешна акција пред месец ипол, каде луѓето што излегле од затвор продолжиле со вакви активности. Беше пронајдено оружје и елеци за самоубиствени напади- вели Заев.

Тоа покажува, потенцира тој, дека казната затвор дефинитнино не го решава тој проблем на радикализација и мора да се работи на ова.

-Мора да се работи на ресоцијализација и реинтеграција. Ниту ние, ниту никој не е имун. Размената на информации со ЕУ земјите дефинитивно ни помага навреме да реагираме, вели Заев.

Во терористичкиот напад кој се случи во Првата зона, во центарот на Виена загинаа четири лица, двајца повозрасни маж и жена, млад минувач и една келнерка, а бројот на повредени се искачи на 22.

Дедото на Куjтим со неверување праша: Дали е убиен, сам си направи беља

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот