Заев ќе присуствува на отворањето на Коридор 10 во Србија

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев утре ќе биде присутен на утрешното отворање на јужниот крак на автопатот на Коридор 10 низ Србија, на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Мислам дека пристигнувањето на Заев е важна вест и го покажува значењето на Коридорот 10“, истакна Вучиќ во утринската програма на РТС, додавајќи дека од Белград до Северна Македонија сега ќе се стигнува за три часа.

Тој потсети дека на делницата на автопатот преку Грделичка клисура од 26,3 километри, претходеше отворањето на делницата од Грабовница до Грделица од 5,6 километри, потоа Владичин Хан – Врање од 28 километри, Левосоје – Српска куќа од 10 километри.

„Тоа беа најтешки делници. Тоа сега изгледа величенствено, но кога работите вредно и посветено, резултатите се евидентни“, нагласи Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот