Заев и Спасовски на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаа Светиот месец Рамазан

Започна месецот на рамазанските пости. Светите денови кога се култивира и усовршува духовниот раст и подвиг, како и дисциплината кон телесните и другите земни искушенија. Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Во времето на ковид-19, посочува премиерот, ова се денови кога дополнително повеќе се грижиме за болните, за духовно обесхрабрените, за нашите сограѓани и за сите луѓе во неволја.

-Им подаваме рака на сите без разлика на нивната верска припадност. На сите наши сограѓани од исламската вероисповед нека им биде благословен светиот месец Рамазан, и нека ги придружува мирот и спокојството за време на светиот пост, напиша Заев.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил на граѓаните од исламска вероисповед и на нивните семејства им посака лесни пости во Светиот месец Рамазан, месецот на покорноста, трпеливоста и добрите мисли.
-Нека Рамазанските денови на духовното и телесното прочистување Ви донесат мир и зацврстување на вербата, но и мотивација за добри дела поттикнати од највозвишените човекови вредности – хуманост, меѓусебно разбирање и солидарност, бидејќи истите, всушност, се и темелот на нашето заедништво, на нашето општество еднакво за сите. Воедно, во име на солидарноста, Ве повикувам заеднички да придонесеме кон зачувување на здравјето, преку одрекувањето и воздржувањето да ја покажеме највисоката грижа за другите, со одговорност кон најблиските, семејството и сограѓаните да продолжиме кон создавањето на подобар живот за секој еден. Нека биде благословен и честит Светиот месец Рамазан!, напиша Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот