Заев и Хоџа се сретнаа со претставници на оризопроизводителите од кочанско

По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите / Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Владата се сретнаа со претставници на оризопроизводителите од кочанскиот регион, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше искористена за разговори и договори за димензионирање на конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз.

По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите.

Од премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа беа изнесени предлог-решенија, кои беа прифатливи за претставниците на оризопроизводителите и во наредните неколку дена ќе бидат интензивирани комуникациите со откупувачите на ориз и оризова арпа за соодветно исполнување и спроведување на предложените решенија.

Претставниците на оризопроизводителите изразија задоволство од предложените решенија и истакнаа дека ќе упатат апел до откупувачите да бидат коректни во разговорите со министерот Хоџа со цел изнаоѓање на најповолно решение за сите страни, стои во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот