Заев, Груби и Ахмети посетија фабрика за кабли во Сарај

Заев, Груби и Ахмети во посета на фабрика во Сарај / 16 септември 2021 / фото: Влада на РСМ

Премиерот Заев и вицепремиерот Груби, заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети, попладнето ја посетија фабриката „One cable” во скопското село Сарај.

Станува збор за „современа инвестиција за производство на бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија, која вработува 30 висококвалификувани кадри. Производството се пласира на домашниот пазар, а веќе се конкуренти и извезуваат во Албанија, Бугарија, Хрватска и Косово“, пишува во владиното соопштение.

„Во зоните, регистрирани се рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 година во однос на минатите години. Вкупниот извоз во првите осум месеци достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 година и речиси 32% повеќе од 2018 година“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот