Заев е подготвен за владина коалиција со сите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА

Подготвен сум да разговарам со секого за идни соработки. Сум соработувал со сите политички партии како политичар. Сум соработувал за уставните промени, за законски решенија, за Преспанскиот договор и можам да разговарам со сите. Алијанса за Албанците беше и во Владата, со БЕСА, па дури и со помалите албански партии сме имале соработка, рече Заев во изјава за медиумите по денешниот Хуманитарен базар на СДСМ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да разговара со сите политички партии, нагласувајќи дека сепак не може да каже на што е подготвен Социјалдемократскиот сојуз во однос на коалицирањето со други партии, бидејќи такви одлуки носат органите и телата на партијата.

– Подготвен сум да разговарам со секого за идни соработки. Сум соработувал со сите политички партии како политичар. Сум соработувал за уставните промени, за законски решенија, за Преспанскиот договор и можам да разговарам со сите. Алијанса за Албанците беше и во Владата, со БЕСА, па дури и со помалите албански партии сме имале соработка, рече Заев во изјава за медиумите по денешниот Хуманитарен базар на СДСМ.

Тој вели дека полека почнале да разговараат со речиси сите партии, а со владејачките партии со кои коалицираат имаат комуникација на дневна основа и разговараат за идни соработки.

– Остануваме отворени за соработка заради тоа што веројатно ние сме единствениот политички субјект, заради нашиот влог што сме го направиле во минатото, што може да соработува со сите, зборувам баш со сите, со владејачките, опозициските партии, секако освен со ВМРО-ДПМНЕ во делот на коалиции за Влада. Едниот останува опозиција, едниот е власт, но со сите други политички партии, може да соработуваме. Ќе носиме одлука според тоа што е најважно за државата, а после тоа како најдобро СДСМ ќе се позиционира во пресрет на победата која што ја очекуваме, нагласи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот