Заев: Цело е кога има сѐ

фото Архива

По денешната средба со координаторот на пратеничката група на Алијансата на Албанците на новинарско прашање дали Законот за попис ќе биде поддржан од сите пратеници, премиерот Заев рече дека очекува поддршка од сите.

– За да може најголемата опозициска партија да учествува во пописот преку дијалог го одложивме пописот за септември. Поголем број од на населението ќе биде имунизирано. Во ред е во такви околности да излеземе согласно сите наши аргументи кои ги имавме и претходно, дека никој не може да гарантира дека во септември нема да има поголем пандемиски бран од сегашниот. Но цело е кога има сѐ. Кога сме сите вклучени тогаш ќе има посериозна гаранција. Јас можам да гарантирам пред граѓаните дека ќе сторам сѐ  процесите во државата да бидат успешни, како што е и овој процес за добивање на квалитетни податоци. Од квалитетот и од целосноста на податоците се димензионираат и економските и финансиските и секој вид на политики, без разлика дали станува збор за Влада предводена од мене, или, од било кој друг во државата. Затоа е важно низ дијалог да постигнеме консензус особено за вакви важни прашања за државата и граѓаните, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот