Заев: Цела деценија Скопје беше меѓу најзагадените градови, денес загаденоста е драматично намалена

Цела деценија Скопје беше меѓу најзагадените градови. Денес загаденоста на воздухот е драматично опадната, гледате и самите дека загадувањето речиси и да не беше тема оваа есен и оваа зима. Секогаш кога ќе се преземат мерки има резултати. Тоа секако не е доволно, и Градот, институциите ќе продолжат во оваа насока, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“, која се одржа во Скопје.

Тој нагласи дека државата стои зад новиот концепт на јавен превоз во Скопје, кој е капитален проект за градот, а најави и уште неколку проекти и планови за подобрување на градот.

– Преку Интервентниот план на инвестиции финансираме изградбата на пречистителна станица за отпадни води тука во Скопје, инвестиција од 136 милиони евра, 120 милиони денари или два милиони евра одвивме за реконструкција на Универзална сала, култниот објект за Скопје за скопјани но и за сите граѓани на нашата држава. Од централниот буџет ја финансираме и изградбата на нов мост и клучка во Момин поток во вредност од шест милиони евра, рече Заев.

Овие проекти, истакна тој, чинат 150 милиони евра, а значат подобрување на животот на скопјани, решавање на дел од нивните потреби.

– Замислете само колку вакви проекти ќе се реализираа ако не се фрлеа над 600 милиони евра за фасади, за споменици, за палми, галии и лажен барок колку што потроши режимот на само два квадратни километри. И истите тие, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска зборуваат за Скопје? 11 години ги малтретираа скопјани, го менуваа ликот на зградите, ликот на градот без никави најави и консултации. Ете ги сега истите пак ги малтретираат скопјани и луѓето кои работат овде преку неразумни блокади на сообраќајници. Зошто? За да ги исполнуваат хировите на Мицкоски да му го држат стравот од успехот на државата, рече премиерот и лидер на СДСМ Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот