Забрзајте го метаболизмот и зачувајте го здравјето на срцето со јадење грозје

Сезоната на грозјето е во тек, затоа секој треба да јаде најмалку 100 грама во текот на денот од ова овошје, во чиј состав се содржани многу витамини и минерали, кои се потребни за одржување на целокупното здравје.

Грозјето во својот состав содржи и поголеми количества антиоксиданти, од кои најважни и најкорисни се полифенолите, кои помагаат во зачувување на ’рскавицата и подобрување на функционалноста на зглобовите.

Секое зрно грозје поседува големи количини железо и калиум, кои помагаат во спречувањето на појавата на анемија, а ја намалуваат и појавата на грчеви во мускулите.

Свежо грозје

Овој период од годината, свежото грозје многу лесно можете да го најдете на пазарите и во продавниците за здрава храна. Токму тоа, треба да ви биде доволна причина редовно да го јадете, бидејќи многу успешно ќе помогне во разладувањето од летните горештини (поради високиот процент на вода), но и го чува здравјето.

1. Здрави коски

Според резултатите добиени од една студија направена во Тексас, ако секојдневно, најмалку три месеци, јадете по околу 100 грама свежо грозје (независно од сортата), постои реална можност болките во коските и во пределот на зглобовите да се намалат за околу 45 отсто.

2. Превенира појава на рак

Грозјето содржи полифеноли што многу помагаат во намалувањето на можноста за појава на неколку типови рак, како што е рак на белите дробови, желудникот, устата, простатата и рак на дебелото црево. Ресвератролот присутен во составот на грозјето и во црвените вина, многу умешно го чува здравјето на срцето и не дозволува таложење масни наслаги по ѕидовите на крвните садови.

3. Спречува појава на дијабетес

Редовното јадење зрна грозје (но не и цедениот сок од свежото грозје) може во голема мера да превенира појава на дијабетес тип 2. Покрај грозјето, луѓето за да спречат дијабетес, секојдневно треба да јадат и боровинки, јаболка и круши.

4. Здрави очи

Грозјето помага да го зачувате здравјето на очите и да си го изострите видот, бидејќи многу умешно се „спротивставува“ на оксидативниот стрес, а поволно влијае и врз зачувувањето на здравјето на мрежницата на окото.

5. Ја намалува можноста од појава на Алцхајмерова болест

Ресвератролот што се наоѓа во грозјето помага во намалувањето на можноста за појава на Алцхајмерова болест, особено кога станува збор за повозрасната популација. Но, добрата вест поврзана со јадењето грозје е што ќе помогне во одржувањето на здравјето на мозокот, ќе спречи појава на други заболувања поврзани со овој човечки орган, ќе ја подобри концентрацијата и ќе ја одржи меморијата на високо ниво.

Суво грозје

Кога ќе помине сезоната на свежото грозје, љубителите на ова вкусно зрно ќе мора да се задоволат со суво грозје, што воопшто не е лошо. Според нутриционистите, понекогаш и се препорачува да се јаде овој вид овошје во ваква форма заради здравствените придобивки што ги нуди, а по ништо не заостанува од свежото грозје.
Сувото грозје е богато со витамините Ц, К и Б6. Тоа е извор на калциум, натриум, железо, магнезиум, фосфор, бакар и манган. Високото ниво на натриум ја регулира рамнотежата на течности и на минерали во телото, а придонесува и за нормална мускулна функција, крвен притисок и дигестија. Меѓу другото, сувото грозје е извор на флавоноиди и хенолни антиоксиданти, кои помагаат во редуцирање на слободните радикали, кои предизвикуваат заболувања и стареење на човечкиот организам.

1. Го зајакнува нервниот систем

И сувото како и свежото овошје многу добро влијае врз зачувувањето на здравјето на нервниот систем. Но, сувото грозје ја имаа таа моќ да дејствува и како седатив.

2. Висок крвен притисок

Особено е корисно за луѓето што страдаат од висок крвен притисок, а само неколку зрна суво грозје на ден, ќе помогнат да се стопира процесот на стареење и појавата на брчки. Тоа многу ќе помогне и во чистењето на цревата, а ќе ги зајакне и коските и ќе ја спречи појавата на остеопороза.

3. Црно суво грозје
Црното суво грозје се смета за многу полековито во споредба со белото, бидејќи потемното овошје во својот состав има многу повеќе растителни влакна, протеини, витамини и минерали, споредбено со посветлите овошки.

Калиумот во сувото грозје е одличен за зачувување на бубрезите, а помага и во спречувањето на појавата на бубрежни камчиња, кои можат многу лошо да влијаат врз здравјето и квалитетот на животот. Калиумот содржан во сувото грозје ќе го зајакнува срцето, а кожата ќе биде да многу поздрава и посјајна од претходно.

Сувото грозје помага и во намалувањето на болките во бешиката, ќе го намали воспалението на мочните канали, а ако чувствувате болка кога мокрите, со редовното јадење на ова овошје, таа засекогаш ќе исчезне.

4. Бело суво грозје

Љубителите на белото суво грозје мора да бидат внимателни, бидејќи тоа во својот состав го содржи адитивот сулфит, кој го спречува потемнувањето и губењето на вкусот за време на сушењето на грозјето. Кај одредени луѓето сулфитот може да предизвика алергиска реакција. Доколку сте алергични на сулфит, побарајте органско суво грозје, кое не го содржи овој адитив.

5. Ниска калориска вредност

Зрната од сувото грозје се карактеризираат со ниска калорична вредност поради што се сметаат за одлична храна за сите оние што се на диета. Во само 200 грама суво грозје има 120 калории без масти или холестерол. Оваа количина суво грозје содржи и 34 грама јаглехидрати и 2 грама диететски влакна. Диететските влакна ја помагаат дигестијата и го одржуваат здравјето на дебелото црево, а придонесуваат и за намалувањето на холестеролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот