За убаво утро: Палачинки од компир кои Ирците ги јадат со сланина и кисела павлака

Фото: YAY Media AS / Alamy / Alamy / Profimedia

„Bacstaí“ или „Boxty“ е омилениот појадок во Ирска – палачинки од компир, кои луѓето ги јадат со овошје, но и со колбасици и јајца, пишува „Пун куфер“.

Постојат повеќе варијации на овој ирски специјалитет. Овие палачинки се добра замена и за мексиканските тортиљи, но може да бидат послужени и како прилог за чорба.

Фото: Brent Hofacker / Alamy / Alamy / Profimedia

Потребни состојки:

  • 500 гр компир
  • 1/2 лажичка сол
  • 50 мл матеница
  • 50 гр брашно
  • 1 лажичка путер
  • Сланина
  • Кисела павлака

Подготовка:

Измијте ги компирите, изрендајте ги и ставете ги во крпа за да им ја исцедите водата. Потоа, оставете ја течноста во сад да отстои околу 20 минути, за скробот да се спушти на дното, а компирите распоредете ги на даска да се исушат.

Внимателно истурете ја водата од садот за да остане скробот кој паднал на дното, а потоа додадете ги компирите, солта и матеницата. Потоа, додадете го и брашното.

Растопете го путерот во мала тава, па додајте ја смесата од компири. Печете ја палачинката на тивок оган околу 10 до 15 минути, па превртете ја со помош на чинија. По потреба, додадете уште малку путер во тавата доколку сметате дека треба.

Исечете ја сланината на тенки парчиња и испржете ја во друга тава за да ви стане крцкава.

За крај, исечете ја палачинката на парчиња и сервирајте ја со крцкава сланина и кисела павлака. По желба, можете да додадете и мариниран кромид во оцет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот