За што сè можете да го користите медот

Медот содржи многу природни својства кои можат да му помогнат на вашето тело во борбата против бактерии и инфекции, како и да ѝ ја вратат влажноста и природниот сјај на кожата. Еве неколку едноставни трикови со медот кои ќе ви ги олеснат секојдневните проблеми.

Природен лек против несоница

Медот помага во зголемување на мелатонинот во нашето тело. Како резултат на тоа, телото ќе се смири.
Пијте по половина чаша топло млеко со 2 лажички мед и тоа три дена во неделата. Тоа ќе ви помогне да го вратите сонот и ќе ви го намали нивото на стрес. Препорачливо е ова да го правите пред стресен ден, за вашето тело подобро да се подготви за она што го чека.

Балзам за усни

Едноставен лек за испуканите усни. Само нанесете малку мед на усните и оставете го да стои десетина минути.

Третман против акни

Поради антибактериските својства и бројните антиоксиданси, медот е одличен за третман на акните. Ѝ помага на кожата да оздрави и го спречува понатамошното ширење и инфекциите.

Треба да го измиете лицето, да нанесете малку мед на памучлна ткаенина и да го намачкате инфицираниот дел. После 20-30 минути измијте го со топла вода.

Маска за коса

Медот е ослична состојка на маските за оштетена коса бидејќи на природен начин ја враќа влажноста.

Помешајте половина шолја мед со половина шолја кокосово масло. Нанесете ја маската на мокра коса и оставете да делува 10-15 минути, па потоа исплакнете ја.

Лек за болно грло

Медот не само што ги убива бактериите, туку прави и заштитен слој на вашето грло. Можете да го помешате со чај од лимун и природно да се ослободите од болката во грлото.

Помош при изгореници од сонце

Земете една лажица мед и нанесете го на зафатената кожа. Медот ќе ѝ помогне на кожата да оздрави и истовремено ќе ја намали веројатноста од лупење на кожата. Ако сакате да го забрзате процесот, помешајте го медот со алое вера.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот