ЗА ОВА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛЕТА ГЛАВА: Ким прекрши правило за кое лично наредуваше погубување (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

ЗА ОВА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛЕТА ГЛАВА: Ким прекрши правило за кое лично наредуваше погубување (ВИДЕО)

На врвот на листата на забранети работи на јавни места во оваа земја е спиењето и недоволната посветеност при аплаудирањето.

Она што за обичниот народ во Северна Кореја е забрането, логично не важи за нивниот лидер Ким Џонг Ун, но ретко кога во јавноста се објавуваат докази за тоа.

На врвот на листата на забранети работи на јавни места во оваа земја е спиењето и недоволната посветеност при аплаудирањето, а токму таков пропуст направи и самиот Ким на манифестација посветена на неговиот дедо, односно на 25-годишнината од неговата смрт.

Опкружен со голем број на луѓе, во централниот дел од просторијата каде се одбележувал овој важен настан, било очигледно дека лидерот на Северна Кореја едвај се бори со сонот.

Конечно, во еден момент, главата на Ким му паднала, и тој на кратко задремал, прекршувајќи го правилото за кое тој од порано лично казнувал неколку генерали со тоа што наредувал нивно погубување.

И не само што заспал, туку тој, како што пренесува Мирор, дури и поспано задоцнил во аплаудирањето.

За потсетување, Ким Џон Ун во мај 2015 година нареди да се погуби министерот за одбрана, Хон Јонг Чок, бидејќи тој задремал на еден официјален настан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close