За неплатени даноци фирмите должат 8,7 милијарди денари

Аминистрација / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Бизнис заедницата неодамна отворено реагираше дека поради толеранцијата кон работата на црно и сивата економија државата губи повеќе од една милијарда евра приходи во Буџетот и побараа од УЈП, наместо списоци на должници и неплаќачи на давачки, да објавува бела листа, од која ќе може да се види кој го полни буџето

Најновата должничка листа на Управата за јавни приходи за даноци, придонеси, акцизи и царини доспеани до крајот на март и неплатени до 30 јуни годинава, брои 1.785 компании, 18 повеќе од претходната листа. Посочени должници од граѓаните на истата листа се 3.413 на број (повеќе од 45 од претходниот список).

Споредено со истите листи кои УЈП ги објавува еднаш месечно, излегува дека јавните комунални претпријатија никако не може да се исчистат од долговите по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Должат и хотели, спортски друштва, туристички агенции, млекарници, винарии, па дури и една фирма за производство на канабис од Струмица!?

Фирмите и граѓаните кои се на листата имаат вкупене износ на долгот, повисок од 300 илјади денари, односно 120 илјади денари. Вкупно објавениот нето долг во Листата е 8,7 милијари денари (повеќе за 230 милиони денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8,5 милијради денари (повеќе за 214 илјади денари, додека долгот за царински давачки е 183 милиони денари (повеќе за 16 милиони денари од претходната листа.

Бизнис заедницата неодамна отворено реагираше дека поради толеранцијата кон работата на црно и сивата економија државата губи повеќе од една милијарда евра приходи во Буџетот. Товарот постојано го носат оние кои се најдисциплинирани, наместо да се натераат да плаќаат давачки оние кои тоа не го прават, рече Бранко Азески, претседател на СКСМ. Затоа тој инсистира, Управата за јавни приходи, наместо списоци на должници и неплаќачи на давачки, да објавува бела листа, од која ќе може да се види кој го полни буџетот и кој се однесува домаќински и одговорно, дури и во најтурбулентните времиња.

-Тоа ќе покаже кој умее да се носи со проблемите, кој е тој што плаќа. Тогаш на површина ќе излезе реалноста и нема да има простор за нерамнправност, бидејќи тие субјекти кои плаќаат ги нема никаде, не може ни да се искажат, а тие што не плаќаат тие се главни и ние ги објавуваме, а другите ги криеме – рече Азески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот