За 60 отсто од Французите ги сметаат за несоодветни мерките за укинување на ограничувањата

Собрание во Франција/ Фото: МИА

Мнозинството Французи (61 отсто) сметаат дека е оправдана одлука за рестораните, кафулињата и баровите: тие нема да отворат пред 2 јуни, за разлика од другите трговски дејности .

Во испитувањето направено за „Фигаро” и Франс Инфо”, од институтот Одокса-Денцу Консултинг,  45 отсто од испитаните сметаат дека планот е многу брз, додека  15 отсто да сметаат дека е премногу бавен, јави дописникот на МИА.

„Да се заштитат Французите, без имобилизирање на Франција до тој степен што таа ќе пропадне”, е патоказот кој што требаше да ја „одржи” оваа „деликатна линија на гребенот” претставен во вторникот од страна на премиерот и одобрен од мнозинство пратеници. Но мнозинството од Французите немаат доверба во извршната власт дека ќе успее во ова излегување од мерките на ограничување  (55 отсто) и го сметаат планот на владата како несоодветен (60 отсто).

Според испитаните Французи во анкетата, стратегијата е или пребрза (45 отсто), и покрај изборот на излегување во неколку фази, или премногу бавен (за 15 отсто од испитаните). Оваа тенденција се потврдува во скоро секоја анкета, забележува Селин Брак, извршен директор на Одокса.

-За голем дел од Французите, принципот на претпазливост има предност пред сè. Тие систематски бараат сè повеќе ограничувања на нивните слободи, вели таа.

Премиерот Едуар Филип, пред Националното предупреди, дека „ако се продолжи по овој пат целата земја ќе потоне во економската криза”. Но исто така предупреди на претпазливост, бидејќи ако бидат, „премногу безгрижни, епидемијата повторно ќе се разгори”.

Најмногу скептични во врска со извршниот план се поддржувачите на Непокорна Франција (левица) 59 отсто од нив сметаат дека е тој премногу брз и поддржувачите на Националниот Собир (52 отсто), а 25 отсто од нив сметаат дека е премногу бавен. Овие позиции ги повторуваат нивните лидери, Жан-Лук Меланшон и Марин Ле Пен, убедени дека е избрзано да се отворат училиштата од 11 мај.

Мнозинството Французи (61 отсто) сметаат дека е оправдана одлука за рестораните, кафулињата и баровите: тие нема да отворат пред 2 јуни, за разлика од другите трговски дејности .

-Овој одговор совршено го илустрира „либертицидниот нагон” на нашите сограѓани, приврзани на здравствените мерки на претпазливост, забележува Селин Брак. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот