За 16 дена заврши реконструкцијата на булеварот „Крсте Мисирков“

Овој многу фреквентен дел од булеварот „Крсте Мисирков“, како што се посочува, изминативе денови се реконструираше на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај „Мавровка“, во должина од 550 метри. / Фото: Фејсбук, Град Скопје

Со вчерашното ноќно бележење на реконструираниот коловоз булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ беше завршен за рекордно време од 16 дена и од денеска е отворен за сообраќај, соопшти Град Скопје.

Овој многу фреквентен дел од булеварот „Крсте Мисирков“, како што се посочува, изминативе денови се реконструираше на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај „Мавровка“, во должина од 550 метри.

За реконструкцијата на оваа сообраќајница од буџетот на Град Скопје се одвоени околу 32 милиони денари. Градот Скопје пред две години го обнови делот од овој булевар на потегот од „Мавровка” до Бит-пазар, а го реконструира и булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до булеварот „Св.Кирил и Методиј“. Реконструкциите на сите улици и од годинашнава градежна офанзива Град Скопје ги завршува во рекордно кратки рокови за да се обезбедат услови за безбедно одвивање на сообраќајот без да се создава сообраќаен метеж. стои во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот