WhatsApp – „Тројанскиот коњ“ во вашиот телефон кој ги гледа сите податоци

Profimedia
Фото: Профимедиа

Популарната апликација за разменување на пораки WhatsApp е „Тројански коњ“ кој се користи за собирање на приватните податоци на нејзините наивни корисници. Оние кои веруваат дека оваа апликација е различна од нејзината матична компанија – Фејбук – се лажат, бидејќи токму Фејбуск е позната по бројните скандали за нарушување на приватноста на своите корисници. Ова го тврди основачот на апликацијата Телеграм, Павел Дуров, а пренесува „Јутарњи.хр“.

„Тројанскиот коњ“ на 21 век

– Без оглед на скриените намери на сопствениците на WhatsApp, советите за нивните крајни корисници остануваат исти – освен ако се согласувате вашите фотографии еден ден да бидат јавни, треба да ја избришете оваа апликација од својот телефон – вели Дуров.

Најзагрижувачки се тврдењата дека WhatsApp не само што ги пропушта да ги заштити податоците на корисниците и она што го разменуваат корисниците по пат на оваа апликација, туку се користи и во улога на „Тројански коњ“. Тоа значи дека WhatsApp се користи за да ги „шпионира“ и фотографиите и видеата кои воопшто не се испратени од и преку неа, туку оние кои се во самиот „паметен“ телефон. Со други зборови, оваа апликација има пристап до сите мапи, се што корисникот некогаш снимил или се што добил на сите други апликации од други корисници.

Според тврдењата на Дуров, WhatsApp се „однесува како својата матична компанија Фејсбук“ која и многу пред купувањето на овој сервис служела како програм за надзор на населението.

Сепак, тврдењата на Дуров треба да се земат со доза скептицизам, поради фактот што WhatsApp е директен конкурент на неговата апликација Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот