Вулај: Белата куќа даде зелено светло за нова средба меѓу претставници на Белград и Приштина

фото Архива

Белата куќа даде „зелено светло” за нова средба во блиска иднина меѓу претставниците на Белград и Приштина, по откажувањето на средбата за 27 јуни во Вашингтон, наведува „Гласот на Америка”.

Специјалниот претставник за преговорите меѓу Белград-Приштина, Ричард Гренел, на видео минатонеделната конференциска врска со активисти на американско-албанската заедница јасно стави до знаење дека оваа шанса не треба да се пропушти, изјави Мартин Вулај, поранешен директор на Албанско-американскиот национален совет.

-На некој начин тој покажа фрустрација. Постои тој страв дека САД можат да се чувствуваат фрустрирани од целиот процес, дека и тој самиот може да добие други задачи, доколку проценат дека двете страни не се подготвени за договор. Ден по видео-конференцијата со нашата група, Гренел се сретна со претседателот Трамп и го праша, а претседателот му даде дозвола да го продолжи процесот, како последно средство, ако може и јас така да кажам, рече Вулај за албанскиот сервис на „Гласот на Америка “.

Фокусот на средбата, како и досега, ќе останат економските прашања, но Вулај верува дека разговорите би можеле да создадат нова енергија, која ја гледа како чекор и кон политичко решение, наведува ВОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот