Вучиќ вели дека не му е гајле за Путин или Бајден, тој се борел за Србија

Александар Вучиќ / фото: ЕПА/ЕФЕ

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Украина и се осврна на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.

„Истраевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа… Патот на Србија е многу тежок, трнлив… но тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно и во иднина“, рече Вучиќ.

„Јас не се борам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја… Не ми е гајле за странските лидери“, додаде Вучиќ и изјави дека „притисоците ќе се зголемуваат“.

„Гледам како Србија во овие тешки моменти нема да биде под нивен напад и затоа што треба да размислуваме за денот потоа, како што изјави денеска Ангела Меркел“, рече српскиот претседател.

Тој вели дека на Запад „се зголемува нервозата“ и дека „политички партии и медиуми ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија“. Тој во своето обраќање го повтори ставот на Србија за референдумите во Украина – дека земјата нема да ги признае референдумите за припојување на украинските области Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон кон Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот