Вучиќ: Србија годишно губи град со големина на Кикинда (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ говорејќи на демографскиот форум во Будимпешта, изјави дека Србија губи град со големина на Кикинда.

Тој му се заблагодари на унгарскиот премиер Виктор Орбан што го организирал самитот затоа што станува збор за многу важна тема која влијае на нашите животи секојдневно.

Читајќи ги демографските податоци, српскиот претседател како пример на навел Кикинда, односно дека според демографските податоци Србија губи град со големина на тој град заради негативниот природен пораст на популацијата, односно негативен однос меѓу бројот на починати и бројот на родени во Србија.

Исто така како пример ја навел и големата стапка на смртност и во најбогатите општини во главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот